Свет

Сикорски предупредува: Вооружена Германија под АфД е кошмар за Европа

Сикорски предупредува: вооружена Германија под АфД е кошмар за Европа

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски со загрижен глас упати јасна опомена: подемот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) би можел да го претвори зајакнувањето на германските вооружени сили од пожелна сила во сериозен безбедносен ризик за цела Европа.

На локалните избори во Саксонија-Анхалт, АфД освои рекордни 43,8 отсто од гласовите – повеќе од двојно во споредба со претходните избори – додека Христијанско-демократската унија на канцеларот Фридрих Мерц доживеа срамни 17,2 отсто, најлошиот резултат во таа покраина.

Сикорски, во интервју за „Ханделсблат“, истакна дека Полска сака Германија, како најголема европска економија и под демократско водство, да игра силна улога во заедничката безбедност. Но веднаш додаде: „Премногу добро ги помниме последиците од повторно вооружена Германија кога ќе се најде во рацете на крајно десничарска и проруска партија – а токму тоа е АфД.“

Слична, уште поостра реакција дојде и од полскиот премиер Доналд Туск, кој изјави дека во Полска „само идиоти или предавници“ би можеле да се радуваат на ваквиот успех на АфД.

Зад овие зборови се крие длабока, речиси инстинктивна болка од историјата. Во Варшава се плашат – и тоа не на шега – дека подемот на сили како АфД би можел да отвори пат кон нешто што многумина во Полска го нарекуваат „Четвртиот Рајх“: обновена, вооружена и националистички настроена Германија која повторно би се обидела да доминира над своите источни соседи.

Старите сеќавања на окупацијата, уништувањето и крвавите походи сè уште се живи, и токму затоа полските политичари гледаат на секој значаен успех на крајната десница во Германија не само како внатрешен германски проблем, туку како потенцијална закана за самиот европски мир и за полската државност.

Најнови вести од: Свет

To top