Свет

Силен земјотрес ја погоди Турција

Според Американскиот геолошки институт земјотресот веројатно е почувствуван и на македонска, бугарска, грчка и кипарска територија. Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6,1 степен е регистриран со епицентар во областа Синдирги.

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.

Според Американскиот геолошки институт земјотресот веројатно е почувствуван и на македонска, бугарска, грчка и кипарска територија. Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6,1 степен е регистриран со епицентар во областа Синдирги. Утврдено е дека земјотресот, кој беше почувствуван во многу провинции во регионите Мармара и Егеј, се случил на длабочина од 5.99 километри.

Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, објави дека тимовите веднаш почнале со теренски проверки и скенирање на теренот во врска со земјотресот од 6,1 степен во областа Синдирги.

Во изјава на социјалните мрежи, Јерликаја потврди дека сите тимови од АФАД и релевантните институции веднаш започнале со теренски истражувања. Јерликаја, во изјава за Си-ен-ен Турк, потврди дека земјотресот предизвикал материјална штета.

– Уништени се три згради и еден дуќан – изјави Јерликаја.

Една празна зграда, која веќе била оштетена во претходен земјотрес, се урнала по силниот потрес во Синдирги.

Проф. д-р Шенер Ушумезсој во изјава за Си-ен-ен Турк рече дека земјотресот во Баликесир не е последователен потрес (aftershock), туку „поттикнувачки“ земјотрес.

– Земјотресот во Синдирги е продолжение, малку понајугоисточно. Линијата на раседот пукнала на 15 километри оддалеченост, и таа има продолжение кон југ – објасни Ушумезсој.

Тој додаде дека станува збор за расед кој се откинува на површина од околу 100 километри.

– Луѓето од Синдирги не треба да очекуваат поголем земјотрес. Овој земјотрес е дел од претходниот земјотрес во Баликесир Синдирги. Како фиоките во комода. Откако се скрши едната, се скрши и другата. Тоа не е последователен потрес, туку земјотресот што тој го поттикна – нагласи професорот.

Најнови вести од: Свет

Аларм: Сегашната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Ужас во Истанбул: маж со месарски нож си го пресече гркланот среде бел ден, пред очите на шокираните минувачи! (Видео)

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите. Мажот на пристаништето Сиркеџи викал дека е „Махди“ и си ги нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

To top