Свет

Смртна казна за поранешна премиерка на Бангладеш

„За едно убиство, смртната казна е стандардна. За 1.400 убиства, таа ја заслужува 1.400 пати.“ побара обвинител

 

 

„Сите елементи на злосторство против човештвото се присутни“, рече судијата Голам Мортуза Мозумдер, додавајќи: „Одлучивме да изречеме само една казна: смртна казна“.

Обвинетата, кој живее во егзил во Индија и постојано ги негира обвиненијата, беше прогласена за виновна на крајот од судењето по неколку точки од обвинението за злосторства против човештвото, вклучително и поттикнување и нарачување на убиството, според пресудата.

Во земја која веќе е под интензивна политичка тензија и е фокусирана на парламентарните избори закажани за три месеци, одлуката на судот беше со нетрпение очекувана.

Полицијата во главниот град е ставена во состојба на висока готовност и распоредена во голем број за да спроведе строги проверки околу судницата и на сите клучни локации во градот, објавува АФП.

Обвинител минатиот месец побара Хасина да биде осудена на смрт. „За едно убиство, смртната казна е стандардна. За 1.400 убиства, таа ја заслужува 1.400 пати. Таа е закоравен криминалец и не покажала никакво каење за својата бруталност“, им рече тој на судиите.

Во јули и август 2024 година, антивладините протести што ја принудија да ја напушти земјата по 15 години на власт резултираа со најмалку 1.400 смртни случаи, според ОН, од кои повеќето цивили.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

По смртта на Али Хамнеи: Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи прогласи џихад против Америка и Израел

Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи во Иран, Нaser Мекарем Ширази, денеска објави отворен повик за џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, непосредно по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи во израелско-американските удари врз Техеран.

Привремениот совет пред одлука: Дали Иран ќе се откаже од фатвата на Хаменеи во време на војна?

Смртта на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хаменеи, во превентивните удари на Израел и САД врз Техеран, ја отвора вратата за потенцијална промена во иранската нуклеарна политика.

Кој ќе го наследи Хаменеи?: Формиран привремен совет, во меѓувреме Багдад гори во антиамерикански протести

Иран влегува во длабока политичка криза по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи, убиен во заедничкиот превентивен напад на Израел и САД врз Техеран вчера.

Потврдена смртта на Хамнеи: 40-дневен период на жалост во Иран

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи (86 години), е убиен во својата канцеларија во заедничките американско-израелски напади врз Иран, пренесува Ал Џезира и други меѓународни извори.

To top