Свет

Софија не го пушта Радев на самитот на НАТО во Хаг

Бугарската Влада го исклучи претседателот Румен Радев од делeгацијата која ќе учествува на самитот на НАТО кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни. Делегацијата ќе ја предводи премиерот Росен Жељазков а ќе го придружуваат министрите за надворешни работи – Георг Георгиев и за одбрана – Атанас Запрјанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, […]

Бугарската Влада го исклучи претседателот Румен Радев од делeгацијата која ќе учествува на самитот на НАТО кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.

Делегацијата ќе ја предводи премиерот Росен Жељазков а ќе го придружуваат министрите за надворешни работи – Георг Георгиев и за одбрана – Атанас Запрјанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, претставници на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана.

Бугарскиот претседател Радев го критикуваше НАТО за неговата помош за Украина

До 2023 година, Радев секогаш ги водеше делегациите на овие состаноци. И тој беше на овие форуми во Велс, Мадрид и Брисел. Сепак, за состанокот во Вилнус, за прв пат му беше отфрлено учеството од тогашната влада, предводена од Николај Денков.

Фокусот на самитот во Хаг ќе биде прашањето за трошоците за одбрана, како и зајакнувањето на индустрискиот одбранбен капацитет на НАТО, понатамошното зајакнување на потенцијалот за одвраќање и одбрана на Алијансата и обезбедувањето долгорочна поддршка за Украина.

Радев: Мислите ли дека Путин ќе ги отстапи Крим и другите области?

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top