Свет

Сведоштво на француски турист за пожарот во Кран-Монтана(ВИДЕО)

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарското алпско одморалиште Кран-Монтана опишаа драматични сцени и помошта што ја пружиле на жртвите пред пристигнувањето на итните служби. Тие истакнаа дека траумата од виденото ќе ја носат цел живот.

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарското алпско одморалиште Кран-Монтана опишаа драматични сцени и помошта што ја пружиле на жртвите пред пристигнувањето на итните служби. Тие истакнаа дека траумата од виденото ќе ја носат цел живот.

Дваесет и двегодишниот француски турист Жереми Ална (Jeremy Halna) бил длабоко потресен од размерите на страдањето за време на пожарот во барот Ле Констеласион. Тој и неговите пријатели биле меѓу првите што им помогнале на повредените, уште пред доаѓањето на службите, а сцените на кои биле сведоци, според него, ќе го прогонуваат засекогаш.

– Луѓето беа во толкава неволја што можевме да слушнеме силни, страшни врисоци. Двајца мои пријатели отидоа по нив. Без двоумење влегоа во барот и извлекоа човек што го најдоа на подот. Го изнесоа надвор. Еден од моите пријатели остана со него еден до еден и пол час, постојано повторувајќи му: ‘Ќе биде сè во ред, не грижи се’ – ги опиша сведокот драматичните моменти во видео-интервју за Ројтерс.

Додека помагале на тешко повредениот маж, останатите од групата трчале низ градот за да соберат ќебиња и вода за другите жртви.

– Трчавме низ целиот град, до околните барови, за да најдеме ќебиња и вода. Луѓето беа многу благодарни. Ја дадов и мојата јакна. Видов дека навистина им беше потребна помош – додаде младиот Француз.

Само еден ден порано, Ална бил во истиот бар, кој го опиша како тесен подрум со пристап преку мало скалило.

– Она што најмногу ме шокира се сликите што ми останаа – луѓе тешко повредени од пожарот. Некои не можеше ни да се препознаат. Мислам дека ќе бидам трауматизиран до крајот на животот – изјави Ална.

Смртоносниот пожар избувна во барот Ле Констеласион за време на новогодишната прослава, при што загинаа најмалку 40 лица. Швајцарските власти соопштија дека пожарот веројатно бил предизвикан од прскалки (sparklers) поставени на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до плафонот и го запалиле материјалот. Оваа хипотеза е во согласност со автентични фотографии и видео-снимки од барот што циркулираат на социјалните мрежи.

Вкупно 119 лица се хоспитализирани со повреди, од кои повеќето се сериозни. Од идентификуваните 113 повредени, 71 се швајцарски државјани, 14 француски, 11 италијански и 4 српски. Меѓу повредените има и лица од Босна и Херцеговина, Белгија, Луксембург, Полска и Португалија.

Надлежните истражуваат дали биле почитувани сите мерки за противпожарна безбедност и дали може да се покрене кривична постапка за убиство од небрежност, доколку одговорните лица се меѓу преживеаните.

 

 

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top