Свет

Тајван започнува масовна акција по два случаи на хантавирус

Градоначалникот на Тајпеј, Чанг Ван-ан, изјави дека градската управа започнува сеопфатен проект за уништување на глодарите на ниво на целиот град, по пријавени два случаи на инфекција со хантавирус.

Градоначалникот на Тајпеј, Чанг Ван-ан, изјави дека градската управа започнува сеопфатен проект за уништување на глодарите на ниво на целиот град, по пријавени два случаи на инфекција со хантавирус.

Според него, чистењето ќе се спроведе во сите 12 окрузи најмалку еднаш. Чанг ги повика граѓаните да не бидат загрижени, бидејќи бројот на случаи не покажува зголемување и е во рамки на претходните години.

Од почетокот на 2026 година се спроведуваат засилени мерки за контрола на глодарите, вклучувајќи редовни инспекции, дезинфекција и активности за спречување на нивното навлегување во станбени објекти. Целта е да се елиминираат изворите на храна и местата за размножување.

Здравствените власти потврдија дека во Тајпеј засега нема нови случаи, а во тек се и кампањи за подигнување на јавната свест за одржување на чиста животна средина.

Првиот случај на хантавирус во Тајпеј во 2026 година бил регистриран во јануари кај маж во седмата деценија од животот, кој починал по развој на тешки компликации, вклучувајќи сепса и откажување на повеќе органи. Вториот случај е потврден во март во Новиот Тајпеј, по што пациентот бил успешно лекуван и отпуштен од болница.

Хантавирусите се група вируси кои најчесто ги инфицираат мали цицачи, но можат да се пренесат и на луѓето, предизвикувајќи сериозни заболувања како хеморагична треска, оштетување на белите дробови и срцева слабост.

Овој вирус неодамна привлече големо меѓународно внимание и по смртните случаи на патници на холандскиот круизер „MV Hondius“.

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top