Свет

Топлото време во Германија предизвика смрт на повеќе од 800 луѓе

Германскиот државен Институт Роберт Кох денеска соопшти дека од почетокот на годината до топлотниот бран од крајот на јуни, од последица на топлото време починале повеќе од 800 луѓе.

– До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа од топлото време, од кои 500 од нив биле над 85 години. Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, регистрирани се 190 смртни случаи предизвикани од топлината, додека кај оние помлади од 65 години, починале околу 40, се наведува во соопштението на Институтот Роберт Кох. Поголемиот број од починатите се жени што укажува на фактот дека во групата граѓани над 85 години има повеќе жени отколку мажи.

Статистиката за смртни случаи од топлото време најверојатно може да се промени откако ќе пристигнат резултатите за најжешкиот период. Кон крајот на јуни во Германија беше соборен претходниот рекорд од 41,7 степени Целзиусови. – Смртните случаи се предизвикани или од директен топлотен удар или како комбинација од високи температури и од постоечки болести, се истакнува во соопштението на Институтот Роберт Кох.

Изминатите години највисока смртност предизвикана од високите температури на воздухот е забележана во 2018 година, кога починаа 8.000 луѓе.

Најнови вести од: Свет

Краделе милиони од странски донации за Украина

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) објави дека поднело обвинение против поранешен висок функционер во Министерството за надворешни работи за проневера на 37 милиони гривни (околу 1,28 милиони долари) од странски донации наменети за поддршка на Украина

To top