Свет

Трамп би учествувал на преговори со Путин и Зеленски во Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја прифати поканата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за одржување трилатерални мировни преговори во Турција со лидерите на Русија и Украина, но важно е Владимир Путин и Владимир Зеленски да бидат подготвени да седнат на маса, откри Белата куќа, цитирано од Би-Би-Си. „Претседателот рече дека е отворен […]

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја прифати поканата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за одржување трилатерални мировни преговори во Турција со лидерите на Русија и Украина, но важно е Владимир Путин и Владимир Зеленски да бидат подготвени да седнат на маса, откри Белата куќа, цитирано од Би-Би-Си.

„Претседателот рече дека е отворен за тоа ако дојде до тоа, но сака двајцата лидери и двете земји да седнат заедно на маса“, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит, пред новинарите кога беше прашана за предлогот на Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека и тој го поддржува предлогот за средба.

„Му реков дека ја поддржувам средбата на лидерско ниво затоа што имам впечаток дека нема да има прекин на огнот без наша средба“, рече Зеленски.

„Се надеваме дека ќе одржиме средба меѓу Зеленски, Путин и претседателот Трамп во Истанбул или Анкара“, рече Ердоган по руско-украинските разговори во Истанбул.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top