Свет

Трамп добитник на наградата „Израел“

Се очекува американскиот претседател да го посети Израел во наредните месеци, кога наградата ќе му биде официјално врачена на свечена церемонија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби наградата „Израел“ – највисоко одликување на земјата – за време на годишната церемонија на Денот на независноста во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.

Во декември, министерот за образование Јоав Киш го извести Трамп дека ќе му биде доделена баградата „Израел“ во категоријата „посебни заслуги за еврејскиот народ“.

Киш вчера потпиша сертификат за израелската награда во чест на американскиот претседател, велејќи во видеото испратено до печатот дека не мисли дека „во моментов постои некоја друга личност која може да се пофали со такви неверојатни достигнувања и прекрасен однос со еврејскиот народ освен Трамп“.

За време на церемонијата, беше емитуван клип во кој се истакнуваат про-израелските дејства на Трамп за време на неговите два претседателски мандати, вклучително и снимки од објавувањето на Абрахамскиот договор во 2020 година, неговиот говор во Кнесетот минатиот октомври и неговите бројни средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху во изминатата деценија.

Се очекува претседателот Трамп да го посети Израел во наредните месеци, кога наградата ќе му биде официјално врачена на церемонија.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top