Свет

Трамп го надмина Клинтон со говор пред Конгресот (ВИДЕО)

Трамп зборуваше пред Конгресот рекорден час и 47 минути, надминувајќи го час и 20 минути на демократот Бил Клинтон во 2000 година

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги пофали своите економски достигнувања што им донесоа на САД „златно доба“ во неговото обраќање за состојбата на Унијата, најдолго во американската историја.

Трамп зборуваше пред Конгресот рекорден час и 47 минути, надминувајќи го час и 20 минути на демократот Бил Клинтон во 2000 година, пишува агенцијата Франс Прес.

„Нашата нација се врати – поголема, подобра, побогата и посилна од кога било досега“, го започна своето обраќање американскиот претседател. „Ова е златно доба за Америка“, републиканецот го продолжи својот говор во кој ги пофали она што го смета за достигнувања на неговата администрација, од рекордни индекси на берзата, ниски цени на бензинот, до спречување на влегување на фентанил на американска територија.

Трамп тврдеше дека САД се „почитувани во светот можеби како никогаш досега“ и дека „победуваат толку многу“ што „веќе не знаат“ што да прават во врска со тоа.

Ројтерс пишува дека Трамп ги послушал апелите на советниците кои биле загрижени дека дополнителен пад на популарноста може да ги загрози веќе неизвесните среднорочни избори за Конгресот во ноември, па затоа го посветил првиот час од своето обраќање на економијата.

Тој тврдеше дека од претходниот претседател Џо Бајден наследил „нација во криза“, стагнирана економија со „висока инфлација“, земја со отворени граници и војни и хаос низ целиот свет.

Трамп нагласи дека ја намалил инфлацијата, ги довел берзите на рекордни нивоа, вовел големи намалувања на даноците и ги намалил цените на лековите. Toj верува дека ова е „трансформација каква што никој досега не видел“ и дека САД сега се „почитувани во светот како можеби никогаш досега“.

Републиканците во Конгресот барем стотина пати стануваа и со аплаудирање го поздравуваа говорот на претседателот   Во исто време, Трамп коментираше дека ниту демократите не стануваат.

„Никој од нив не станува. Овие луѓе се луди. Ви велам, тие се луди“. Тој повторно ги обвини демократите за изборна измама, нагласувајќи дека „ова всушност требаше да биде негов трет мандат, но се случуваат чудни работи“.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top