Свет

Трамп го покани првиот папа Американец да ја посети Белата куќа

Американскиот претседател го покани папата Лав Четиринаесетти да ја посети Белата куќа а писмото со покана лично му го предал на новиот папа, потпретседателот Џеј Ди Венс. „Тоа беше добра средба, продуктивна средба“, им кажа на новинарите портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит зборувајќи за состанокот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс […]

Американскиот претседател го покани папата Лав Четиринаесетти да ја посети Белата куќа а писмото со покана лично му го предал на новиот папа, потпретседателот Џеј Ди Венс.

„Тоа беше добра средба, продуктивна средба“, им кажа на новинарите портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит зборувајќи за состанокот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс со папата, додавајќи дека Трамп се надева дека ќе го види папата во Вашингтон „штом ќе може да дојде“.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лео Четиринаесетти, го прими утринава американскиот потпретседател Џеј Ди Венс  на аудиенција во Ватикан, изјави претходно портпарол на американската влада.

Ватикан објави фотографија од папата, кој е по потекло од Чикаго, како ги прима Венс и шефот на американската дипломатија Марко Рубио, пренесоа светските агенции.

Трамп посакува идниот папа да е – Американец

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top