Свет

Трамп: „Ја откажав средбата со Путин“

Искрено, единственото нешто што можам да кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие не водат никаде, вели претседателот на САД

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека го откажал планираниот самит со неговиот руски колега, Владимир Путин, поради недостаток на напредок во дипломатските напори и чувство дека времето не е соодветно, објави Ројтерс.

„Ја откажавме средбата со претседателот Путин – едноставно не се чувствуваше како што треба“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше. Затоа ја откажав, но ќе ја направиме во иднина.“

Трамп, исто така, изрази фрустрација од застојот во разговорите. „Искрено, единственото нешто што можам да кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие не водат никаде. Тие едноставно не водат никаде“, рече тој.

Според американскиот лидер, напредокот во преговорите може да дојде со помош на кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Мислам дека тој може да има големо влијание врз Путин. Погледнете, тој е почитувана личност. Тој е многу силен лидер на многу голема земја. Да, мислам дека тоа може да има големо влијание. Секако ќе разговараме за Русија и Украина“, рече Трамп. Тој додаде дека темата за војната во Украина ќе биде присутна заедно со други теми како што се купувањето руска нафта од страна на Кина и трговските односи со Вашингтон.

Откажувањето на самитот меѓу Трамп и Путин дојде откако Белата куќа објави нови санкции насочени кон извозот на руска нафта, дел од поширокиот напор да се изврши притисок врз Москва поради нејзините тековни воени операции во Украина. Трамп рече дека се надева дека мерките ќе бидат привремени.

Кремљ одговори дека Путин исто така не сака да губи време.

Унгарија, која требаше да биде домаќин на самитот, ја обвини ЕУ за неговиот неуспех.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја поздрави одлуката на администрацијата на Трамп да ги санкционира двете најголеми нафтени компании во Русија, а воедно повика на поголем притисок врз Москва да ја запре војната во Украина.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top