Свет

Трамп: Мировниот план мора да му се допадне на Зеленски!

Ако не му се допаѓа тогаш, претпоставувам, дека ќе треба да продолжи да се бори, вели американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Украина треба да го прифати мировниот предлог на САД за да се стави крај на војната на Русија во земјата.

На прашањето дали разговарал за мировниот план од 28 точки за Украина со Володимир Зеленски, Трамп рече:

„Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“

„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.

Кога новинар го праша дали мировниот план бил пречекан со критики, Трамп возврати со прашање: „Дали мислите дека нему [Зеленски] не му се допаѓа?“

„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.

„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да склучи договор пред една или две години“, заклучи Трамп.

Трамп потврди дека Украина има рок до следниот четврток да се согласи на првата фаза од мировниот договор.

„Имав многу рокови, но ако работите одат добро, имате тенденција да ги продолжувате роковите. Но, четврток е разумен рок“, рече американскиот претседател во радио интервју за „Фокс њуз“.

Објавен е мировниот план на Трамп за Украина кој содржи 28 точки

Најнови вести од: Свет

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Најнови вести

To top