Свет

Трамп не дава да биде убиен ајатолахот Али Хамнеи

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на планот на Израел за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, соопшти Белата куќа. „Дали Иранците убиле некој Американец? Не. Додека не го сторат тоа, дури и не зборуваме за напад врз политичкото раководство“, изјави извор за Ројтерс под услов да остане анонимен. Друго лице запознаено […]

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на планот на Израел за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, соопшти Белата куќа.

„Дали Иранците убиле некој Американец? Не. Додека не го сторат тоа, дури и не зборуваме за напад врз политичкото раководство“, изјави извор за Ројтерс под услов да остане анонимен.

Друго лице запознаено со ова прашање, исто така, го потврди ставот на Белата куќа.

Во меѓувреме, Израел инсистираше дека не се обидува да го таргетира политичкото раководство на Иран во воздушните напади.

Израел веќе ја презеде одговорноста за смртта на девет научници вклучени во нуклеарната програма на Иран, како и високи ирански генерали.

И ајатолахот Али Хамнеи „на списокот“ на Израел

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top