Свет

Трамп не е задоволен од новиот ајатолах

Трамп претходно изјавуваше дека сака лично да учествува во изборот на новиот вврховен верски лидер на Иран,

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, „не е задоволен“ од назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, според програмата на „Фокс њуз“.

Водителот Брајан Килмид рече дека разговарал со претседателот по објавувањето, кој му рекол: „Не сум задоволен“.

Килмид не даде дополнителни детали за разговорот, а Трамп сè уште не дал јавно коментар.

Трамп претходно изјавуваше дека сака лично да учествува во изборот на новиот вврховен верски лидер на Иран,

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах

 

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top