Свет

Трамп не кажува дали поддржува израелската окупација на Газа

Тоа во голема мера ќе зависи од Израел, изјави американскиот претседател

 

Американскиот претседател Доналд Трамп избегна одговор кога новинарите го прашаа дали ја поддржува или се спротивставува на намерата на израелските власти да го анектираат целиот Појас Газа, објави Ројтерс.

Трамп, исто така, рече дека фокусот на неговата администрација е на зголемување на испораката на хуманитарна помош до палестинската енклава, објави агенцијата.

„Што се однесува до останатото, не можам многу да кажам. Тоа во голема мера ќе зависи од Израел“, рече Трамп.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавил дека е подготвен да нареди целосна окупација на Појасот Газа, и покрај противењето во рамките на израелската војска.

Израел ќе мора „целосно да го порази“ Хамас во Газа за да обезбеди ослободување на заложниците, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера одржа состанок со советот за безбедност на кој разговараше за следната фаза од војната, за која се вели дека е неизбежна.

„Неопходно е целосно да се победи непријателот во Газа, да се ослободат сите наши заложници и да се осигура дека Газа повеќе не претставува закана за Израел.

Ние не се откажуваме од ниту една од овие мисии“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер ќе нареди целосно преземање на Појасот Газа

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top