Свет

Израелскиот премиер ќе нареди целосно преземање на Појасот Газа

Израелската војска моментално има контрола врз приближно 75 проценти од Појасот Газа, но според новиот план, од војската се очекува да ја окупира и преостанатата територија

 

Неколку министри рекле дека Нетанјаху го користел терминот „окупација на Појасот“ во приватни разговори опишувајќи ја својата визија за проширување на воените операции во Газа – забележителна промена во тонот додека владата се подготвува да разговара за иднината на кампањата во Газа, јави Тајмс оф Израел

Веб-страницата Ynet цитираше висок функционер близок до премиерот кој рекол: „Коцката е фрлена – ние одиме кон целосна окупација на Појасот Газа“.

„Ќе има операции дури и во областите каде што се држат заложници. Доколку началникот на Генералштабот не се согласи, тој треба да поднесе оставка“.

Ова се однесува на началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, кој наводно се спротивставува на предложената окупација на Газа.

ИДФ моментално има контрола врз приближно 75 проценти од Појасот Газа, но според новиот план, од војската се очекува да ја окупира и преостанатата територија – ставајќи ја целата енклава под израелска контрола.

Не е јасно што би значело таков потег за милионите цивили во Појасот Газа и за хуманитарните групи што работат во енклавата.

Израелските одбранбени сили изјавија дека се противат на преземањето на целиот Појас, при што армијата проценува дека може да потрае со години за да се исчисти целата инфраструктура на Хамас. Исто така, може да ги доведе заложниците во опасност да бидат погубени од нивните киднапери доколку војниците се приближат до местото каде што се држат.

Нетанјаху претходно во понеделник изјави дека ќе го свика кабинетот за да им наложи на ИДФ како да продолжат со воените операции, при што некои веруваат дека премиерот би можел да побара од армијата да се воздржи за да им даде можност на разговорите за заложниците дополнително да се развијат.

Во неделата, вестите на Канал 12 објавија дека постои поделеност во  безбедносниот кабинет за потенцијалната окупација на Газа, при што премиерот и министерот за одбрана Израел Кац наводно остануваат неодлучни.

 

Најнови вести од: Свет

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

To top