Свет

Трамп: Нелегалните мигранти ќе бидат протерани, Лос Анџелес пак ќе биде слободен

Американскиот претседател објави на неговата социјална мреж вистината дека Лос Анџелес е преплавен од нелегални имигранти и криминалци и дека федералните агенти биле нападнати за време на операциите за депортација. Тој објави дека им наложил на секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, секретарот за одбрана Пит Хегсет и главниот обвинител Пам Бонди да соработуваат со […]

Американскиот претседател објави на неговата социјална мреж вистината дека Лос Анџелес е преплавен од нелегални имигранти и криминалци и дека федералните агенти биле нападнати за време на операциите за депортација.

Тој објави дека им наложил на секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, секретарот за одбрана Пит Хегсет и главниот обвинител Пам Бонди да соработуваат со други агенции за да преземат сите потребни мерки за ослободување на Лос Анџелес и запирање на немирите со мигрантите.

„Некогаш голем американски град, Лос Анџелес, сега е окупиран и под опсада од нелегални имигранти и криминалци. Сега насилни, бунтовнички толпи напаѓаат на нашите федерални агенти за да ги запрат операциите за депортација – но овие нелегални немири само ја зајакнуваат нашата решителност.

Им наложив на секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, секретарот за одбрана Пит Хегсет и главниот обвинител Пам Бонди, во координација со сите релевантни оддели и агенции, да преземат сите потребни мерки за да го ослободат Лос Анџелес од инвазијата на мигранти и да го запрат овој немир со мигранти.

Редот ќе биде воспоставен, нелегалните имигранти ќе бидат протерани и Лос Анџелес повторно ќе биде слободен. Ви благодарам за вашето внимание“, напиша Трамп.

Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп за испраќањето на Националната гарда

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top