Свет

Трамп: Нетанјаху е воен харој – исто како мене

Трамп добил пет одложувања од регрутацијата во Виетнамската војна, вклучително и медицинско ослободување по дијагноза на коскени израстоци на петиците кога имал 22 години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „воен херој затоа што работевме заедно“, мислејќи притоа на израелските напади врз Иран минатиот месец..

„Тој е воен херој. Претпоставувам дека и јас сум“, рече Трамп.

„Никому не му е гајле. Но, и јас сум. Мислам, јас ги испратив тие авиони“, рече Трамп во гостување во радио емисија, пренесе Политико

Инаку, Нетанјаху е предмет на потерница од Меѓународниот кривичен суд од минатиот ноември за наводни воени злосторства во Газа.

Повеќе од 60.000 Палестинци се убиени во опколената крајбрежна енклава за време на офанзивата на израелската војска, која започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Трамп никогаш не се борел во вистинска војна, ниту служел во војска.

Тој доби пет одложувања од регрутацијата во Виетнамската војна, вклучително и медицинско ослободување по дијагноза на коскени израстоци на неговите петици кога имал 22 години.

Во 2015 година, Трамп се најде на насловните страници кога тврдеше дека републиканскиот сенатор од Аризона, Џон Мекејн, кој поминал повеќе од пет години како воен заробеник во Северен Виетнам, „не е воен херој“ затоа што, како што изјави, „ги сакам луѓето кои не биле заробени“.

Во 2020 година, Атлантик објави дека Трамп приватно ги омаловажувал мртвите војници, нарекувајќи ги „губитници“ и „наивци“, обвинувања што тој енергично ги негираше, потсетува Политико.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top