Свет

Трамп: Путин само сака да продолжи да убива

„Многу незадоволен“ од одбивањето на рускиот лидер да работи на прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Украина ќе ѝ бидат потребни ракети „Патриот“ за одбрана откако разговараше со претседателот Володимир Зеленски во петокот, изразувајќи незадоволство од одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре борбите.

Трамп рече дека имал добар разговор со Зеленски, повторувајќи дека е „многу незадоволен“ од неговиот разговор со Путин еден ден претходно, со оглед на тоа што го нарече одбивањето на рускиот лидер да работи на прекин на огнот.

„Тоа е многу тешка ситуација… Бев многу незадоволен од мојот разговор со претседателот Путин. Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе – тоа не е добро“, изјави американскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Руте: НАТО ќе се брани од Русија и во вселената

„Секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и обезбедување на нашата безбедност кога станува збор за вселенскиот елемент“, рече генералниот секретар на Алијансата

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

To top