Свет

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Доналд Трамп му постави ултиматум на Иран и се закани дека ќе ги уништи неговите електрани ако во рок од 48 часа не го отвори Ормускиот Теснец, што претставува значајна ескалација ден откако кажа дека САД планираат намалување на воените операции.

  • „Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот Теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи прво од најголемата!“, напиша Трамп на социјалните мрежи еден час по полноќ по средноевропско време.

Ако Трамп ги оствари своите закани, американските напади ќе се прошират на инфраструктурата која влијае врз секојдневните животи на Иранците.

Ормускиот Теснец, низ кој минува една петина од светската нафта, е затворен за најголемиот број бродови од почетокот на американско-израелските напади врз Иран пред три недели. Трамп побара помош од други држави во неговото обезбедување, но тоа остана без конкретен одговор. Блокадата на 50 километри широкиот премин и нападите врз бродовите доведоа до пораст на глобалните цени на нафтата и гасот.

Штабот на иранската воена команда Хатам ал-Анбија соопшти дека доколку САД ја нападне иранската енергетска инфраструктура, Иран ќе возвраати со напади врз американските постројки за енергетика, информатичка технологија и десалинизација во регионот.

Трамп и порано овој месец ја покрена идејата за уништување на електричната мрежа на Иран.

  • „Можеме да го растуриме нивниот електричен капацитет во рок од еден час, а ќе им требаат 25 години за да го обноват. Но, нема да го правиме тоа“, рече Трамп.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top