Свет

Трамп ветува економска помош за Унгарија ако Орбан остане на власт

Соединетите Американски Држави се „инспирирани од перспективата за инвестирање во идниот просперитет на Унгарија“ под континуирано водство на сегашниот премиер кој бара петти мандат

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација е подготвена да помогне во економскиот развој на Унгарија, под услов Виктор Орбан да остане премиер на Унгарија.

„Мојата администрација е подготвена да ја искористи целосната економска моќ на Соединетите Американски Држави за зајакнување на економијата на Унгарија (…) ако премиерот Орбан и неговиот народ имаат потреба од таква помош“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Според него, Соединетите Американски Држави се „инспирирани од перспективата за инвестирање во идниот просперитет на Унгарија под континуирано водство на премиерот Орбан“.

Опозицијата во Унгарија ги обвини Соединетите Американски Држави за мешање во изборите во земјата

Парламентарните избори  во Унгарија ќе се одржат утре.

Некои анкети покажуваат дека опозицијата може да ја преземе власта во земјата.

Дали Орбан ќе издвојува уште еден, петти по ред, мандат

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top