Свет

Трамп: „Војната мора да заврши на еден или друг начин“

Американскиот претседател изјави дека неговиот сегашен предлог за мир во Украина и крај на војната со Русија не е негова последна понуда

 

Неговите коментари дојдоа откако Украина и нејзините европски сојузници велат дека мировниот план може да биде основа за преговори, но дека му е потребна „повеќе работа“.

„Војната мора да заврши на еден или друг начин“, им рече Трамп на новинарите во саботата. Но, тој рече „не“ кога беше прашан дали тоа е неговата последна понуда.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека мировниот план од 28 точки за Украина, кој се појави оваа недела, е изготвен од Вашингтон, и покрај она што го кажаа неколку сенатори.

„Се нуди како силна рамка за тековните преговори“, објави Рубио на X.

 

„Се базира на предлози од Русија, но и на претходни и сегашни предлози од Украина“, додаде тој.

Неговата реакција дојде откако група американски сенатори тврдат дека наводниот мировен план од 28 точки за Украина е всушност руски, а не американски предлог.

Сенаторите наведуваат дека оваа информација ја потврдил државниот секретар Марко Рубио во телефонски разговор, велејќи дека документот е протечен од руска страна.

Тројцата сенатори побараа појаснување од Рубио додека тој патуваше во Женева, загрижени за природата на документот. Еден од нив, републиканецот Мајк Раундс, член на Комитетот за разузнавање на Сенатот, рече дека планот им изгледал сомнителен од самиот почеток, дури и според стилот на пишување што укажуваше на руско потекло.

Најнови вести од: Свет

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

To top