Свет

Трамп: Војната со Иран може да трае со недели, но режимот ќе падне

Американскиот претседател се надева дека елитните воени сили на Иран, вклучувајќи ги и офицерите од Исламската револуционерна гарда, ќе го положат оружјето

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Њујорк тајмс“ дека има „три многу добри опции“ за тоа кој би можел да го преземе раководството на Иран по атентатот врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Трамп ги истакна „три многу добри избори“ за лидерство во Иран, но одби да ги именува. Тој понуди неколку можни визии за тоа како моќта би можела да се пренесе во Техеран.

Меѓу опциите тој спомена исход сличен на оној што беше постигнат во Венецуела, каде што само поранешниот претседател Николас Мадуро беше отстранет во американска воена операција, а голем дел од постојната владина структура остана на место, но стана поподготвен да работи прагматично со Соединетите Држави.

Во интервјуто, Трамп исто така рече дека САД и се подготвени да ја продолжат својата воена офанзива против Иран „четири до пет недели“ доколку е потребно, признавајќи ја можноста за дополнителни американски жртви, рече американскиот претседател.

Во краткото телефонско интервју за „Њујорк тајмс“, Трамп рече дека Пентагон има доволно ресурси за да ја продолжи операцијата „доколку е потребно“.

„Нема да биде тешко“, додаде Трамп. „Имаме огромна количина муниција. Знаете, имаме складирана муниција низ целиот свет во различни земји“.

Зборувајќи од Мар-а-Лаго околу 36 часа по почетокот на конфликтот и кратко откако доби вест за три американски жртви, Трамп рече: „Три се премногу три, според мене. Ако ги погледнете проекциите, тие прават проекции, знаете дека може да биде многу поголемо од тоа.“

„Очекуваме жртви“, додаде тој.

Трамп рече дека се надева дека елитните воени сили на Иран, вклучувајќи ги и офицерите од Корпусот на Исламската револуционерна гарда, ќе го положат оружјето.

Трамп предупреди дека нападот врз Иран е „висок ризик, но и голема награда“.

Американскиот претседател исто така, рече дека не верува дека земјите од Заливот треба да им се придружат на САД во нападот врз Иран, иако Техеран таргетираше многу од нив и Израел со одмазднички ракетни и беспилотни летала.

Тој изрази уверување дека Иран на крајот ќе се предаде. „Земјата е значително ослабена, благо речено“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

По смртта на Али Хамнеи: Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи прогласи џихад против Америка и Израел

Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи во Иран, Нaser Мекарем Ширази, денеска објави отворен повик за џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, непосредно по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи во израелско-американските удари врз Техеран.

To top