Свет

Турција: НАТО не е должен да им помогне на САД во војната со Иран

НАТО имаат право да го потсетат Трамп дека алијансата е одбранбена по природа и дека не учествувала во планирањето на конфликтот

Членките на НАТО немаат обврска да им помагаат на САД и Израел во војната со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од неколку дена, објави „Еуроњуз“.

Трамп му го постави ултиматумот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на неговата посета на Вашингтон. Руте е таму за серија состаноци, вклучувајќи состанок зад затворени врати со американскиот претседател, како и со државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.

И покрај привремениот прекин на огнот договорен во вторник вечерта за враќање на сообраќајот, само ограничен број бродови успеаја да поминат низ теснецот. Коалиција од околу 40 земји, претежно членки на НАТО плус Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, работеше на стратегија за обезбедување на водниот пат по завршувањето на конфликтот. Но, Трамп инсистира на итно решение кое би вклучувало распоредување на воени средства и поморски сили.

Турскиот министер за трговија Омер Болат ја нагласи дефанзивната природа на алијансата во интервју за „Еуроњуз“. „НАТО е првенствено присутен како сила за одвраќање за зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент, но и во светот“, рече Болат.

На прашањето дали членките на НАТО имаат право да го потсетат Трамп дека алијансата е одбранбена по природа и дека не учествувала во планирањето на конфликтот, Болат одговори: „Да“.

Членовите на НАТО претходно ги отфрлија повиците на САД за поддршка на воена кампања во Иран, велејќи дека не биле консултирани пред нападот. Тие, исто така, ја потврдија одбранбената природа на алијансата и ги отфрлија тврдењата на Белата куќа дека биле должни да интервенираат заедно со САД.

Најнови вести од: Свет

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

To top