Свет

Уапсени осомничени за кражбата во „Лувр“ – делумно признале вина

Двајца осомничени уапсени за спектакуларната кражба на накит во музејот Лувр „делумно“ ја признаа својата вмешаност, потврди париската обвинителка Лаура Бекуо. Четворица крадци украле девет парчиња накит на 19 октомври, додека светски познатиот музеј бил отворен за посетители. Еден од предметите паднал и бил пронајден на местото на настанот. Бекуо додаде дека украдениот накит сè уште не е пронајден.

Првиот осомничен е 34-годишен државјанин на Алжир, идентификуван преку ДНК траги пронајдени на скутерот што го користеле напаѓачите. Вториот, 39-годишен жител на париското предградие Обервиље, работел како нелегален таксист и доставувач, а бил познат на полицијата по претходни тешки кражби. Неговиот ДНК бил пронајден на стаклото од скршената витрина. Еден од нив бил уапсен на аеродромот Шарл де Гол, додека се обидувал да ја напушти земјата со лет за Алжир.

Според париската обвинителка Лора Беко, осомничените биле уапсени во саботата вечерта и испрашувани цели 96 часа, по што биле изведени пред истражен судија кој ќе одлучи за подигање на обвинение за вооружен грабеж во состав на организирана група – кривично дело за кое е предвидена казна и до 15 години затвор.

Кражбата, како што пренесе Index.hr, која траела само седум минути, се случила на 19 октомври во Галеријата Аполо, најраскошната просторија на Лувр каде се изложени француските кралски драгоцености. Четворица маскирани напаѓачи влегле преку прозорец користејќи камионска дизалица, скршиле две заштитни витрини и побегнале со девет вредни предмети проценети на околу 88 милиони евра.

Меѓу украдените се смарагдна огрлица со над илјада дијаманти, подарок од Наполеон за неговата сопруга, како и накит што ѝ припаѓал на кралиците Марија-Амелија и Хортенз.

Иако нема докази за вмешаност на вработени во музејот, обвинителката Беко нагласи дека се надева накитот ќе биде вратен: „Овие предмети се непроценливи и не можат да се продадат легално. Секој што ќе се обиде да ги купи ќе изврши кривично дело прикривање украдена стока.“

Во потрагата учествувале над сто истражители, кои анализирале повеќе од 150 ДНК примероци и предмети оставени на местото на злосторството – вклучувајќи ракавици, шлемови и рефлектирачки елеци. Двајца од осомничените се сè уште во бегство.

Случајот откри сериозни безбедносни пропусти во музејот. Началникот на париската полиција, Патрис Фор, признал дека системите за надзор биле застарени и дека дозволата за работа на безбедносните камери истекла уште во јули и не била обновена.

Дополнително, првата дојава за кражбата не дошла од алармниот систем, туку од случаен велосипедист, кој ги забележал крадците со шлемови и дизалица пред музејот и ја повикал полицијата.

Најнови вести од: Свет

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

To top