Свет

Украина добила три пати помалку оружје од ветеното

Украинскиот претседател изјави дека испораките на ракети за противвоздушна одбрана од западните партнери се значително намалени оваа година

 

Во објава на социјалните мрежи по средбата со воениот врв, Зеленски посочи дека намалувањето не се однесува само на летниот период, туку ја опфаќа целата прва половина од 2026 година, пренесува Би-Би-Си

„За жал, оваа година значително се намалија испораките на противракетно оружје од партнерите. Количината на ракети за противвоздушна одбрана во испораките е три пати помала во споредба со 2025 година. И тоа не важи само за тековниот летен период, туку за сите периоди од првата половина на 2026 година“, рече украинскиот претседател.

Тој нагласи дека сојузниците ги имаат потребните ракети и ги повика да ги преземат неопходните политички одлуки за да се забрзаат испораките, како и да помогнат во локализирањето на производството на такво оружје во Украина.

Изјавата доаѓа неколку дена по средбата на Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба на крајот на јули. Тогаш шефот на украинската држава побара итен „зимски пакет“ од 300 ракети пресретнувачи за системите „Патриот“.

Според објавувањето на Фајненшл тајмс, повикувајќи се на свои извори, Трамп го одбил барањето, оправдувајќи ја својата одлука со недостигот на ракети во американските резерви по војната со Иран.

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

To top