Свет

Украина не признава дека Русите го освоиле источниот град Доброполија

Украинските сили и натаму имаат контрола врз источниот град Доброполија, соопшти Киев

Украинските сили и натаму имаат контрола врз источниот град Доброполија, соопшти Киев, отфрлајќи ги тврдењата на Москва дека руската војска го зазела градот.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека неговите сили презеле контрола врз уште осум украински населени места, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Сепак, портпаролот на Генералштабот на украинската војска, Андриј Ковалиов, во писмена изјава испратена до „Ројтерс“ ги отфрли руските тврдења за освојувањето на Доброполија.

Градот се наоѓа југозападно од клучните центри Краматорск и Словјанск и веќе подолго време е изложен на континуирани руски напади.

Тврдењата на двете страни за контролата врз градот засега не се независно потврдени.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top