Свет

Украина предлага божиќно примирје, Русија не прифаќа

Песков истакна дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“

Кремљ денеска го одби предлогот на Украина за божиќно примирје, истакнувајќи оти Русија не планира да ги запре нападите за време на претстојните празници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“.

– Русија сака мир, а не краткорочни, неодржливи решенија, наведе Песков.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата за привремено стопирање на руските напади, особено врз енергетската инфраструктура за време на празниците.

Претходно, Песков наведе дека евентуално примирје би зависело од тоа дали ќе биде постигнат поширок одговор за завршување на војната.

– Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина, посочи Песков.

Според него, Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top