Свет

Украински олигарх се бори за живот по атентат во Монако

Вадим Јермолаев, еден од најбогатите Украинци, како „ВИП бегалец“ престојувал во Монако од почетокот на војната во Украина

Силна експлозија одекна синоќа во Кнежеството Монако, при што беа повредени најмалку три лица, од кои две се во критична состојба.
Инцидентот се случил нешто пред 21 часот во станбена зграда.

Надлежните потврдија дека две лица се во животна опасност, додека третото е надвор од животна опасност.

Според информациите од истрагата, сите жртви се членови на исто украинско семејство. Родителите и двајцата на возраст од педесет години се во критична состојба, додека нивниот 13-годишен син е стабилен.

Еден од тешко повредените е украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, кој како „ВИП бегалец“ престојува во Монако од почетокот на војната во Украина, изјави за „Фигаро“ извор близок до истрагата. Во моментот на експлозијата тој се враќал во зградата во која живеeл со сопругата и синот.

Вадим Jeрмолаев е олигарх од Днепар, основач на трговско-производната корпорација „Алеф“ и еден од најголемите градежни изведувачи во градот.

Тој редовно се појавуваше на листата на 100 најбогати луѓе во Украина според магазинот Форбс, но потоа се откажа од украинското државјанство во корист на неговиот кипарски пасош.

Во декември 2023 година, Володимир Зеленски наметна лични санкции против Jeрмолаев во период од 10 години. Според податоците на SBU, причина за тоа била активноста на неговиот бизнис со алкохол во анектираниот Крим, каде што неговите компании плаќале даноци во рускиот буџет, пишува „Украинска правда“.

Според француските медиуми, непознат маж фатен на видео надзор оставил ранец пред влезната врата од станбената зграда, а потоа побегнал. Експлозијата се случила додека семејството влегувалео во зградата.

Властите трагаат по бомбашот.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top