Свет

„Сиромавите на фронт, а богатите со ‘Бугати’ и ‘Ферари’ во Монако“: Трамп помладиот удри по властите во Киев

Синот на претседателот на САД ги искритикува украинските раководители на форумот во Доха

Доналд Трамп помладиот повторно ги критикуваше украинските власти, обвинувајќи ги за праќање на сиромашните на фронтот и за продолжување на војната со туѓи пари.

„Ова лето бев во Монако со мојата девојка. Се возевме наоколу и во просек 50 отсто од суперавтомобилите, како ‘Бугати’, ‘Ферари’ итн., имаа украински регистарски таблички. Мислите дека ова навистина е заработено во Украина? Бев во Украина пред 20 години. Не изгледаше дека има богатство во изобилство во таа земја. Освен тоа, го гледате вториот човек на земјата како е уапсен за кражба на стотици милиони долари. Богатите избегаа. Ги оставија оние што ги сметаа за селани да се борат и не гледаа причина да престанат сè додека парите продолжуваа да течат и тие ги крадеа. Никој ништо не провери. Властите и носителите на одлуки, едноставно, не гледаа причина да се согласат за мирно решение“, рече синот на американскиот претседател на форумот во Доха.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top