Свет

Унгарија пак ја обвини ЕУ за двојните стандарди

Нивото на интелектуалност во европските политички дебати е многу ниско сега, бидејќи штом се обидете малку да отстапите од мејнстримот или да одите против него, веднаш ве сметаат за руски шпион, пријател на Путин, пријател на Лавров, пропагандист на Кремљ итн

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ја проблематизираше политиката на Европската унија за ширење на ЕУ кон државите кои произлегоа од поранешниот СССР со „инсистирање’ на „европски стандарди“.

„Мислам дека можеме да зборуваме за двојни стандарди бидејќи Унгарија беше првата земја што јасно виде како Европската Унија (ЕУ) дејствува против суверенитетот и интегритетот, а исто така и против националните вредности“вели шефот на унгарската дипломатија.

„Грузија сега е цел, исто како Унгарија. Моето прашање е: зошто мислите дека Европа автоматски ја изедначува заштитата на идентитетот со проруска политика? Тие дефинираат сè што е поврзано со суверенитетот, демократските вредности, а исто така и вредностите на народот како проруско. Секоја влада што работи на вакви прашања е проруска за нив.

„Затоа што тие всушност немаат никакви аргументи. Така е – Брисел и овој либерален мејнстрим сакаат да се претстават како да се единственото прогресивно, толерантно, демократско, успешно и легитимно политичко општество. Кога се соочуваат со фактот дека постои нелиберален или конзервативен, патриотски, христијански, анти-мејнстрим политички правец кој е исто така успешен – тоа го убива нивниот наратив, бидејќи нивниот наратив се базира на исклучителност, додаде тој.

Бирократите велат дека се единствените на првата линија и штом се појави некој друг со сосема различни вредности, но успешен – го мразат. Тие едноставно не можат да го прифатат и немаат аргумент. Па, кога ќе покренам некое прашање во Брисел, на пример – да видиме на професионална, фактичка основа дали санкциите против Русија функционирале или не, дали санкциите ни наштетиле повеќе – одговорот не е:

„Добро, ајде да процениме, анализираме“ и да му покажат на Петар дека греши“. Не, нивниот одговор е дека јас сум марионета на Путин“.

Значи, нивото на интелектуалност во европските политички дебати е многу ниско сега, бидејќи штом се обидете малку да отстапите од мејнстримот или да одите против него, веднаш ве сметаат за руски шпион, пријател на Путин, пријател на Лавров, пропагандист на Кремљ итн.

Да не беше трагично, би се смеел. Но, ова ја води Европа кон трагедија, за жал, бидејќи Европа станува помалку конкурентна, Европа станува помалку безбедна, Европа станува помалку привлечна“, изјави и Сијарто.

Најнови вести од: Свет

Супербол 2026: Bad Bunny испорача незаборавно шоу и испрати интересна порака до Американците која не му се допадна на Трамп (ВИДЕО)

Бед Бани (Bad Bunny) го воодушеви светот со својот настап како главна ѕвезда на полувремето на Супербоул LX (2026), кој се одржа на 8 февруари на стадионот Levi’s во Санта Клара, Калифорнија.

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top