Свет

Ужас во Истанбул: маж со месарски нож си го пресече гркланот среде бел ден, пред очите на шокираните минувачи! (Видео)

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите. Мажот на пристаништето Сиркеџи викал дека е „Махди“ и си ги нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

Инцидентот се случил околу 12:30 часот на пристаништето Сиркеџи, каде што мажот, од засега непознати причини, почнал да вика пред да го употреби ножот. Сведоците веднаш ја известиле полицијата и брзата помош, кои му пружиле прва помош на тешко повредениот маж на лице место, по што бил итно пренесен во болница.

Очевидецот Ахмет Акдениз, кој продавал костени во близина, изјавил дека го видел мажот како зема нож, си нанесува повреда и продолжува да се движи додека крв прскала насекаде. Според него, човекот ја соблекол кошулата и викал дека е „Махди“ (во исламското верување, фигура на спасител или пророк кој ќе се појави пред крајот на светот за да донесе правда и да го победи злото) и дека сака да дојде Судниот ден, по што легнал на карпите покрај брегот и ја изгубил свеста поради обилна загуба на крв.

Друг сведок, Халис Јаткин, кој ловел риба во близина, го пофалил одговорот на полицијата, нагласувајќи дека полицајците интервенирале смирено и покрај агресивното однесување на човекот, кој наводно се обидел и физички да ги нападне.

Полицијата го обезбедила подрачјето и започнала истрага за сите околности на инцидентот, додека лекарите се борат за животот на повредениот човек.

(Видео)

Најнови вести од: Свет

Аларм: Сегашната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

Најнови вести

To top