Свет

Велика Британија ќе испорача 100.000 дронови на Украина

Ова е планирано да се случи до до април 2026 година, објави Ројтерс. Владата на Велика Британија одобри независно подготвен Стратешки одбранбен преглед кој повикува на технолошки поориентирана армија за справување со новите закани, вклучително и можна руска агресија. Велика Британија, еден од најлојалните западни поддржувачи на Украина, планира да учи од борбата на Киев […]

Ова е планирано да се случи до до април 2026 година, објави Ројтерс.

Владата на Велика Британија одобри независно подготвен Стратешки одбранбен преглед кој повикува на технолошки поориентирана армија за справување со новите закани, вклучително и можна руска агресија.

Велика Британија, еден од најлојалните западни поддржувачи на Украина, планира да учи од борбата на Киев против руската инвазија, за време на која беспилотните летала го трансформираа бојното поле.

Пакетот беспилотни летала од 350 милиони фунти (473 милиони долари) е дел од пошироката иницијатива за воена поддршка од 4,5 милијарди фунти за Украина.

Министерот за одбрана Џон Хили изјави дека Велика Британија ја засилува својата поддршка за Украина со испорака на илјадници беспилотни летала. Според него, покрај беспилотните летала, Киев ќе добие уште 140.000 артилериски гранати. Обуката на украинскиот воен персонал, исто така, ќе продолжи.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top