Свет

„Виси“ одлуката за ракети „Томахавк“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел.

 

На прашањето на новинарите дали размислува да ѝ го даде оружјето на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш. Можеби ќе има промена, но во овој момент не го разгледувам тоа“.

Пентагон ѝ одобри на Белата куќа да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина откако процени дека тоа нема негативно да влијае на снабдувањето на САД, а конечната политичка одлука зависи од претседателот Доналд Трамп, потврдија тројца американски и европски функционери запознаени со ова прашање, објави Си-Ен-Ен во петокот.

Трамп призна претходно овој месец на работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа дека би претпочитал да не ѝ ги дава ракетите на Украина бидејќи му се потребни за да ги заштити Соединетите Американски Држави.

Здружениот штаб на американските вооружени сили ја информираше Белата куќа за својата проценка претходно овој месец, пред состанокот на Трамп со Зеленски.

Украинскиот претседател ги бара ракетите за да може поефикасно да ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.600 милји. Трамп неколку дена пред средбата со Зеленски рече дека САД имаат „многу Томахавци“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.

Најнови вести од: Свет

Масовно чистење во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

To top