Свет

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

Во серија објави на социјалната мрежа Икс, Лариџани изјави дека Иран не се плаши од, како што ги нарече, „безвредните закани“ на американскиот претседател.

„И оние што беа помоќни од вас не успеаја да го елиминираат иранскиот народ“, напиша тој.

Во пораката упати и директно предупредување до Трамп.

„Бидете внимателни, за да не бидете елиминиран“, наведе Лариџани.

Оваа размена на остри изјави доаѓа откако Трамп претходно на својата платформа „Трут сошл“ предупреди дека Иран ќе биде погоден „дваесет пати посилно“ доколку се обиде да го запре протокот на нафта низ Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top