Свет

Водител на „Фокс њуз“: Убијте ги бездомниците (ВИДЕО)

ТВ водителот Брајан Килмид ја шокираше јавноста со предлогот бездомниците со проблеми со менталното здравје кои одбиваат помош да добијат смртоносна инјекција

 

Контроверзната изјава дојде за време на панел-дискусија во емисијата „Фокс и пријатели“ за трагичното убиство на украинска бегалка.

Ко-водителите на Килмид, Ајнсли Ерхард и Лоренс Џонс, разговараа за убиството на Ирина Заруцка, тврдејќи дека осомничениот, кој има долго криминално досие и дијагностицирана ментална болест, требало да биде отстранет од улиците многу порано.

Тие дебетираа околу тоа дека „милијарди“ веќе се потрошени за кризата со менталното здравје и бездомниците и дека „многумина од нив не сакаат да учествуваат во програми“ и ја одбиваат помошта поради што би требало да прифатат да одат во затвор.

Во тој момент, Килмид се вклучи во дискусијата со својот радикален и вознемирувачки предлог:  „Или, хмм, присилна смртоносна инјекција. Или нешто слично.“ Потоа додаде:

„Само убијте ги.“

Неговите ко-водители не реагираа на шокантниот коментар, туку едноставно го продолжија разговорот.

Снимката од тој сегмент од емисијата, која се емитуваше во среда, брзо стана вирална на социјалните медиуми.

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top