Свет

Вооружен напаѓач е неутрализиран пред Белата куќа (ВИДЕО)

Американските медиуми наведуваат дека ова е третиот вооружен инцидент во близина на Белата куќа во последниот месец.

Вооружен маж е убиен откако отворил оган во близина на безбедносен пункт на Белата куќа во Вашингтон. Агентите на американската Тајна служба возвратиле со оган и го неутрализирале напаѓачот.

Инцидентот се случил вчера вечерта, нешто по 18 часот по локално време. Според соопштението на Тајната служба, осомничениот извадил оружје од торба и почнал да пука кон безбедносните сили, по што тие отвориле оган кон него.

Напаѓачот бил пренесен во болница, каде што подоцна подлегнал на повредите.

Како осомничен е идентификуван 21-годишниот Насире Бест. Според судските документи, тој и претходно бил уапсен во јули 2025 година, кога без дозвола се обидел да влезе на друг пункт на Белата куќа. Тогаш не ги послушал наредбите на полицијата, тврдел дека е Исус Христос и изјавил дека сака да биде уапсен.

Во инцидентот е ранета и уште една личност која се нашла во близина, но засега не е утврдено дали била погодена од куршумите на напаѓачот или од огнот на агентите.

Од Тајната служба соопштија дека ниту еден нивен припадник не е повреден и дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој во моментот се наоѓал во Белата куќа, не бил во опасност.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека агенти на федералната служба се на терен и дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом има повеќе детали.

Американските медиуми наведуваат дека ова е третиот вооружен инцидент во близина на Белата куќа во последниот месец.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top