Свет

За една недела ќе биде објавен новиот алгоритам на „Икс“

Иако милијардерот не откри конкретни причини за овој потег, одлуката за отворање на алгоритмот доаѓа во време на зголемени конфликти меѓу компанијата и регулаторните органи

Социјалната мрежа „Икс“ ќе го објави својот нов алгоритам за јавноста за седум дена, вклучувајќи го и програмскиот код што одлучува за препораките за објави и реклами, објави денес сопственикот на компанијата, Елон Маск, на својата платформа.

Маск објасни како ќе се одвива процесот: „Ова ќе се повторува на секои 4 недели, со обемни белешки за програмерите, за да ви помогне да разберете што се променило.“

Иако милијардерот не откри конкретни причини за овој потег, одлуката за отворање на алгоритмот доаѓа во време на зголемени конфликти меѓу компанијата и регулаторните органи околу содржината што им се прикажува на корисниците.

Европските регулатори, особено, го зголемија надзорот врз платформата „Икс“, фокусирајќи се на проблемите со дезинформации, несоодветна модерација на содржината и недостаток на транспарентност.

Во јули минатата година, француските власти побараа од компанијата да го сподели својот алгоритам како дел од истрагата за наводи за пристрасност и манипулација. Потоа „Икс“ одби да го исполни барањето, обвинувајќи ја истрагата дека е политички мотивирана.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top