Свет

За влез во САД уште 250 долари такса

Дополнителната такса се однесува на сите посетители со неимигрантски визи за влез во земјата

Посетителите на Соединетите Американски Држави ќе бидат обврзани да платат такса (visa integrity fee) според одредба од неодамна донесениот „Голем убав закон“ на администрацијата на Трамп, објави Си-Ен-Би-Си

Дополнителната такса се однесува на сите посетители со неимигрантски визи за влез во земјата и не може да бидат ослободени од неа.

Сепак, патниците можат да добијат поврат на средствата, според одредбата.

Деталите за новиот услов се оскудни, што доведе до забуна, изјави портпарол на Американската туристичка асоцијација за CNBC Travel.

Таксата ќе биде најмалку 250 долари во фискалната 2025 година на САД, која трае од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година.

Но, секретарот за внатрешна безбедност има право да одреди повисока такса…која потоа ќе се прилагоди на инфлацијата.

Се плаќа во моментот кога се издава визата.

Ова значи дека на посетителите чии апликации за виза се одбиени нема да им се наплаќа.

Новата такса е „дополнителна“ на веќе постоечките други такси, вклучувајќи ги и редовните такси за виза.

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top