Свет

Загинати и повредени при масовен напад со дронови врз Москва

Ројтерс објави дека негови новинари слушнале експлозии во Москва и виделе чад што се издигнувал од рафинеријата

Две лица загинаа во еден од најголемите напади со дронови врз Московскиот регион, додека руските власти соопштија дека собориле стотици беспилотни летала. Гувернерот Андреј Воробјов соопштил дека во регионот биле соборени 249 дронови.

Во Софино загинала 44-годишна жена откако дрон погодил станбена зграда. Повредени биле уште 5 лица, меѓу кои 2 деца. Втората жртва е постар маж чија куќа била погодена во областа Орехово-Зуево.

Нападот стигнал и до самата Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин соопшти дека неколку дронови стигнале до комплексот на московската нафтена рафинерија, а еден погодил и станбена зграда. Размерот на штетата во рафинеријата засега не е познат.

Ројтерс објави дека негови новинари слушнале експлозии во Москва и виделе чад што се издигнувал од рафинеријата. Според Собјанин, од саботата биле соборени повеќе од 1.600 дронови на различни правци, од кои 450 летале кон Москва.

Во Раменскиот округ биле евакуирани 400 жители, меѓу кои 70 деца, откако бил погоден 21-катен станбен објект. Оштетени биле и повеќе домови во поширокиот Московски регион.

Аеродромот Шереметјево вовел привремени ограничувања, додека Внуково извесно време ги запрел пристигнувањата и полетувањата. Украина засега јавно не го коментирала нападот.

 

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top