Свет

Захарова: А, слушнала ли Урсула за Косово…

Западот прогласи и насилно спроведе еднострано прекројување на границите на Србија

Апсурсдни се условите на Европската Унија за постигнување мир во Украина, реагираше портпаролката на руското МНР, Марија Захарова по изјавата на шефицата на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, дека, меѓу другото, промена на границите по руско-украинската војна се невозможни како услов за мир.

„…условите на ЕУ нагласуваат дека границите не можат да се менуваат со сила.

„Урсула не можеше да го пропушти Косово. Западот прогласи и насилно спроведе еднострано прекројување на границите на Србија, спротивно на волјата на српскиот народ“, предупреди Захарова, според руската државна новинска агенција РИА Новости.

Што се однесува до ограничувањето на големината на украинската армија, Захарова потсети дека Германија историски прифаќала слични ограничувања за сопствената армија, истакнувајќи дека фон дер Лајен, како Германка, треба да го знае ова.

Захарова ја нарече изјавата дека Украина ја избрала европска судбина како најапсурдна.

„Сите добро се сеќаваме како легитимно избраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека земјата што тој легитимно ја водеше во тоа време го суспендира договорот за европска интеграција затоа што „економијата и законодавството на Украина не беа подготвени да се приклучат кон Европската Унија“, нагласи таа.

„Во исто време, Западот го започна Мајдан, што доведе до неуставниот државен удар во 2014 година и, на крајот, до воспоставување неонацистички режим во Киев предводен од глобално малцинство“, додаде таа.

Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата изјави дека границите на Украина не можат да се менуваат со сила, дека нејзината армија не може да се намали и да се остави ранлива на напади и дека Европската Унија мора да игра централна улога во мировниот договор за Украина.

„Секој кредибилен и одржлив мировен план пред сè треба да го запре убивањето и да ја заврши војната, а не да сее семе за иден конфликт“, рече шефицата на Европската комисија. Индекс.хр

Најнови вести од: Свет

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор ЕУ – САД по одлуката на Врховниот суд на САД и новите царини најавени од Доналд Трамп. Брисел бара правна јасност и гаранции. Преговарачите на Европскиот парламент утрово покренаа постапка за суспензија на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, откако одлуката на Врховниот суд на САД ја доведе во прашање правната основа на договорот од 2025 година.

Новиот систем за влез и излез од шенген-зоната голем удар за туристичката сезона! – Проверката на пасошите ќе трае и до 4 часа!

Системот во сите земји-членки на ЕУ треба да биде целосно оперативен до април, меѓутоа, некои земји доцнат, а причината се технички проблеми и недостиг на човечки персонал. Поради проблеми со новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), патниците на европските аеродроми летово одморот би можеле да им го расипат долги редиците и чекањата на пасошка контрола, пишува денес германскиот „Ханделсблат“.

To top