Свет

Започнува судскиот процес против Болсонаро , обвинет за обид за пуч

Врховниот суд на Бразил денеска ќе започне со сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро, обвинет за обид за државен удар по победата на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, на изборите во 2022 година.

instagram/jairmessiasbolsonaro/

Врховниот суд на Бразил денеска ќе започне со сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро, обвинет за обид за државен удар по победата на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, на изборите во 2022 година.

Доколку биде прогласен за виновен, Болсонаро би станал првиот поранешен претседател во историјата на Бразил осуден за обид за пуч. Заедно со него, обвинети се уште шест лица, кои се товарат дека се обиделе да ги поништат изборните резултати преку државен удар. Болсонаро ги отфрла овие обвинувања.

Според ДПА, обвинетите се соочуваат со потенцијални затворски казни од десетици години.

Сослушувањата ќе започнат со судијата Александре де Мораес, кој ќе го прочита извештајот од Канцеларијата на јавниот обвинител. Потоа, збор ќе земат јавниот обвинител Пауло Гонет и адвокатите на одбраната.

Петте судии од Првата комора на Врховниот суд ќе гласаат, при што за осуда е потребно мнозинство од три гласа. Сослушувањата се закажани за периодот до 12 септември, а пресудата се очекува следната недела.

Обвиненијата против Болсонаро, поранешни членови на неговиот кабинет и високи воени функционери, вклучувајќи го поранешниот министер за одбрана Пауло Серхио Ногеира, поранешниот шеф на морнарицата Алмир Гарние и тогашниот советник за безбедност Аугусто Хелено, се однесуваат на планирање државен удар по победата на Лула. Тие се соочуваат со обвиненија за обид за пуч, учество во вооружена криминална организација и оштетување на заштитени културни добра.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top