Свет

Болсонаро под истрага за планови за бегство во Аргентина

Жаир Болсонаро, наводно размислувал да побара азил во Аргентина за да избегне судско гонење.

instagram/jairmessiasbolsonaro/

Според бразилските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, наводно размислувал да побара азил во Аргентина за да избегне судско гонење. Во неговиот телефон бил пронајден документ од февруари 2024 година, кој укажува на намера да избега во соседната земја, објавија медиуми, меѓу кои и порталот G1.

Не е јасно дали овој документ бил испратен до аргентинскиот претседател Ксавиер Милеј, според информациите на ДПА.

Овој документ е дел од обемен полициски извештај од 170 страници, во кој се обвинуваат Жаир Болсонаро и неговиот син Едуардо за обиди да ја попречат правдата во рамките на тековниот судски процес против поранешниот претседател. Тој е обвинет за наводен заговор за државен удар по изборниот пораз во 2022 година.

Истражителите откриле избришани пораки и гласовни снимки од телефонот на Болсонаро, кои, според нив, укажуваат на намери за влијание врз судската постапка. Државното обвинителство сега треба да одлучи дали ќе покрене обвинение.

Паралелно, истрагата го разгледува и престојот на Едуардо Болсонаро во САД од март оваа година, каде што, според наводите, лобирал за воведување санкции против Бразил и одредени судии.

Неодамна, САД воведоа царини од 50% на бразилскиот увоз, како и финансиски санкции против судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш. Американското Министерство за финансии го обвини Мораеш за водење на „репресивна кампања“ што вклучува цензура, произволни апсења и политизирани судски процеси, вклучително и против Жаир Болсонаро.

Жаир Болсонаро (70) моментално е под судска истрага за наводни планови да ја собори владата на неговиот наследник, Луиз Инасио Лула да Силва. Тој ги отфрла обвинувањата и се изјасни за невин. Судската одлука се очекува во септември, според ДПА.

До тогаш, поранешниот претседател останува во домашен притвор поради наводно кршење на судски наредби.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top