Свет

Зеленски: Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе тргнат кон Европа

Путин не сака мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по Самитот на ЕУ изјави дека сателитскиот систем Старлинк не бил исклучен, но дека неговата брзина била значително намалена, поради што Украина не може да соборува одредени дронови.

Тој рече дека ја има поддршката од сите европски лидери и ги негираше извештаите дека бил замолен да го ублажи тонот кон американскиот претседател Доналд Трамп.

– Немаше никакви забелешки за време на денешните состаноци. Слушнав само поддршка од моите европски колеги, за што сум благодарен – рече Зеленски на прес-конференција во Брисел.

Прашан за односите со Трамп, тој истакна дека мора да го брани опстанокот на својата земја. Договорот на Трамп со Русија за увоз на дизел го оцени како погрешен и предупреди дека „влегуваме во лизгава патека“, која би можела да доведе до нови отстапки, вклучително и околу замрзнатите руски средства.

– Најважно е Русија да нема можност подоцна да го поврати имотот, бидејќи е познато дека Москва сака да ги добие овие средства – рече Зеленски.

На прашањето дали ќе продолжат нападите на руските рафинерии, тој одговори кратко:

– Ќе видите.

Зеленски повтори дека Путин не сака мир и не го почитува суверенитетот на Украина.

– Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа, затоа бараме да останеме силни и да ја браниме нашата земја – рече тој.

Тој објасни дека Старлинк се користи само за пресретнување дронови што ја напаѓаат цивилната инфраструктура, а не за напади на руска територија. Поради намалената брзина, Украина станала неспособна да соборува одредени дронови. Има сигнали од Белата куќа дека можностите ќе бидат вратени.

Зеленски рече дека се работи на алтернатива во соработка со Франција и дека им се потребни повеќе ракети, бидејќи повеќето во моментов одат на Блискиот Исток.

На Самитот побара дополнителна финансиска поддршка:

– Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година и ни требаат уште најмалку 70 милијарди евра од вас за одбрана, за оружје. Ова е реална сума. Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка.

Најнови вести од: Свет

Вештачката интелигенција ја презема работата, но не и последниот збор

Резултатите покажуваат дека вештачката интелигенција добива сè поголема улога во секојдневното банкарство, особено во комуникацијата и безбедноста. Но, кога станува збор за одлуки што директно влијаат врз финансиската иднина на клиентите, банкарските службеници засега ја задржуваат предноста.

Најнови вести

To top