Свет

Зеленски навести повлекување на Украинците од ДНР

Евентуалното повлекување на трупите мора да биде реципрочно – Украина се повлекува онолку колку што ќе се повлече и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја исклучува можноста за повлекување на украинските трупи од делот на Доњецката Народна Република (ДНР) кој е под контрола на Киев, што од Украина го бараат Соединетите Американски Држави и Русија, но воедно нагласи дека очекуваат ист потег и од Русија.

– Евентуалното повлекување на трупите мора да биде реципрочно – Украина се повлекува онолку колку што ќе се повлече и Русија. Во зоната на слободна економија не смее да има тешко вооружување, не смее да има војска, изјави Зеленски, пренесе телевизијата Новости. LIVE.

Претходно, пратеникот во Врховната рада на Украина од партијата на Зеленски „Слуга на народот“, Георгиј Мазурашу, оцени дека евентуалното повлекување на единиците на Вооружените сили на Украина од делот на ДНР под контрола на Киев би било „болен, но позитивен резултат“ од преговорите за решавање на конфликтот.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top