Свет

Зеленски не го дава истокот на Украина

Трамп му рекол на Зеленски дека Путин е подготвен да престане да се бори на други фронтови ако Украина се повлече од Доњецк и Луганск

Украинсиот претседател го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план поддржан од Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Зеленски јасно стави до знаење дека таква опција не е можна.

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Трамп разговараше со Зеленски повеќе од еден и пол час. Лидерите на НАТО и европските земји, исто така, се придружија на повикот.

Според извор запознаен со разговорот, Трамп му рекол на Зеленски дека Путин е подготвен да престане да се бори на други фронтови ако Украина се повлече од источниот дел на земјата.

Зеленски го отфрли ова, нагласувајќи дека нема повлекување од Донбас.

Фајненшл тајмс објави претходно дека Путин, на самитот со Трамп, побарал Украина да се повлече од регионот Донецк во замена за замрзнување на фронтот во регионите Херсон и Запорожје. „Њујорк тајмс“ потоа објави дека Трамп го поддржува планот и верува дека мирот може брзо да се постигне ако Украина се согласи да го предаде остатокот од Донбас, вклучително и областите што не се заземени од руските сили.

Mинатата недела Зеленски, исто така, јасно ја отфрли можноста за повлекување од Донбас.

„Ако денес се повлечеме од Донбас – од нашите утврдувања, од теренот и височините што ги држиме, очигледно ќе им го отвориме патот на Русите за нова офанзива“, рече украинскиот претседател.

Таквиот план би бил спротивен и на предупредувањата од европските лидери дека секој мировен договор мора да го почитува територијалниот интегритет на Украина и принципот дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила.

Таквиот предлог би барал и одобрение од украинскиот парламент.

Украинските функционери велат дека Зеленски нема да се согласи да ги предаде Донецк и Луганск, црвена линија за Киев, но е подготвен да разговара за територијалните прашања во Белата куќа во понеделник и на идната трилатерална средба со Трамп и Путин.

„Ова е нож во грб“, изјави висок украински функционер.

„Тој само сака брз договор“, додаде друг. Олександр Мережко, претседател на комисијата за надворешни работи на украинскиот парламент, го опиша состанокот со еден збор: „Ужасно“.

„Трамп практично се здружи со Путин, и двајцата сега би можеле да почнат да ја принудуваат Украина на мировен договор што ефикасно значи капитулација“, рече тој.

 

Најнови вести од: Свет

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО18+) Иран во хаос: Над 500 загинати, болниците полни со прострелни рани

Според американска организација за човекови права, досега загинале повеќе од 500 демонстранти, додека иранските власти веќе над 72 часа ја држат земјата во речиси целосен прекин на интернетот и телефонските врски.

To top