Свет

Зеленски: Путин стравува од едно оружје

Украинскиот претседател рече дека постои „едно оружје“ кое според него може„ да го промени текот на војната

 

„Погледнете само колку Путин стана нервозен кога се појави оваа тема, тој разбира дека оружјето со долг дострел може да го промени текот на војната“, рече Зеленски. Зборувајќи за видовите такво оружје, тој ги спомена ракетите Томахавк, рече Зеленски кој утрово им се обрати на лидерите на состанокот на Европскиот совет.

Американскиот претседател Доналд Трамп досега одбиваше да испорача Томахавк на Украина, но синоќа потврди строги санкции за руските нафтени гиганти Роснефт и Лукоил.

Зеленски им се заблагодари на собраните лидери, но рече дека одлуката за замрзнатите руски средства мора да се донесе што е можно поскоро. Доколку биде одобрена, рече Зеленски, тој би искористил „значаен“ дел од парите за купување европско оружје.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top