Македонија

РЕК Битола и РЕК Осломеј го одбележаа 28 Август – Денот на една од најтешките професии

Се одбележува денот на дел од македонските херои

Во РЕК Битола и РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август – Денот на рударите, во чест на вработените кои со својот труд, посветеност и одговорност имаат клучна улога во обезбедувањето стабилен и сигурен енергетски систем.

На одбележувањето беа испратени пораки за подобри услови за работа, поголема социјална сигурност, повисок стандард на вработените и нови инвестиции во рударско-енергетскиот сектор.

Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, истакна дека рударите се кадар кој се создава со труд, посветеност и одговорност.
„Кадрите од оваа, најтешка професија на светот, не се создаваат само со зборови – тие се создаваат со труд и посветеност“, порача Коњановски.

Тој посочи дека позитивните сигнали во процесот на консолидација на АД ЕСМ веќе се видливи, а новиот Колективен договор е потврда на заложбите за поголема социјална сигурност и подобри услови за вработените. Предвидено е директно покачување на платите, како и скалест раст на примањата кој ќе надмине 10% во наредните 20 месеци, со дополнително вреднување на минатиот труд.

Заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, ја нагласи потребата од силни инвестиции во рударството.
„Ако сакаме економски силна и енергетски независна држава, мораме да инвестираме во рудниците!“, истакна Лабудовиќ.
Според него, иднината на рударството подразбира високотехнолошки развиени копови, современа и механизирана опрема, побезбедни услови за работа и најстрога заштита на животната средина.

Директорот на РЕК Битола, Иван Куковски, ја истакна одговорноста и значењето на рударите во целиот производствен процес.
„Сериозниот пристап мора да ни биде примат – одговорноста на секој од нас е на прво место“, порача Куковски, нагласувајќи дека заедничката посветеност е предуслов за континуирано подобрување на условите за работа и обезбедување стабилна енергетска иднина.

Во РЕК Осломеј беше истакнато значењето на комбинатот за работењето на АД ЕСМ, особено во текот на грејната сезона, како и важноста од ревитализација на постројките, ремонтите и модернизацијата на техничко-технолошките процеси и опремата.

Заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Агим Садику, истакна дека финансиската консолидација на компанијата ќе овозможи дополнително унапредување на социо-економските придобивки за сите вработени.

Во честитката до рударите, директорите на РЕК Осломеј Александар Арсоски и Адил Сејдини се осврнаа на актуелните предизвици и важноста на комбинатот, особено на неговиот придонес во текот на грејната сезона.
Според Арсоски, „Осломеј“ е една од клучните алки од која зависи во кој правец ќе се движи компанијата во наредниот период.
Директорот Сејдини подвлече дека заложбите на секој поединец во колективот, неминовно ќе донесе добри резултати кои ќе помогнат кон целосната консолидација наaaa компанијата.

„Како никогаш во изминатите девет години, инвестираме во ремонти, во ревитализација на техничко-технолошките процеси и во целосно запуштената опрема. Во тек се интензивни активности за ревитализација на постројките, за кои цврсто веруваме дека ќе донесат многу поголема продуктивност“, нагласи Садику.

Во знак на признание за нивниот труд и придонес, во РЕК Битола и РЕК Осломеј беа доделени пофалници на вработени кои со својата работа и посветеност се истакнаа во изминатата година. Вкупно 28 работници од двата комбинати добија признание за особен придонес.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надѕорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top