Тема: актуелно

Вицепремиерот добил писмо со 3 куршуми

Српското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека при редовна проверка на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.

Нов закон за рударство: Tранспарентен процес, над 100 предлози од јавноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја истакнува транспарентноста и вклученоста како основни принципи во подготовката на новиот Закон за рударство. Законот уште во рана фаза беше јавно објавен на платформата ЕНЕР со цел да биде достапен за увид и анализа од сите засегнати страни, а јавната расправа резултираше со исклучително голем одзив. […]

Видео пораката од Сиљановски за Јанчев стана вирална, среќа што кавадаречкиот градоначалник е еден од најдобрите во Македонија

Среќа Јанчев е еден од попопуларните и ова видео нема да се одрази на неговиот рејтинг и неговата кандидатура за Градоначаник на Кавадарци.

Терористички напад во католичко училиште во САД

Американското Министерство за правда соопшти дека тројца луѓе загинале, а 20 се повредени во вооружен напад што се случи денеска во католичко училиште во јужниот дел на Минеаполис. Меѓу жртвите е и напаѓачот, потврдија властите.

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното вакво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската […]

Опожарен автомобил во Скопје, огнот зафатил уште три други возила

На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице. Од огнот, информира МВР, биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ […]

To top